Македонија
26. April 2026 - 16:38

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа. Втор ден во законодавниот дом трае дебата за улогата на Собранието во процесот на европска интеграција на државата.  

Пратениците од опозицијата ги искористија прашањата на граѓаните за да  искритикуваат дека со оваа власта Македонија никогаш нема да биде дел од европското семејство.  

Државата има стратегија, а парламентот има капацитет да ја спроведе реформската агенда, но за промени на уставот – опозицијата бара политичка волја, а власта очекува консензус за заштита на државните интереси

Дебатата за улогата на Собранието во процесот на пристапување кон Европската Унија, која е во организација на Институтот за европска политика трае втор ден. Вчера прашањата на граѓаните беа фокусирани околу донесувањето на закони по скратена постапка и со европско знаменце, изборниот модел и уставните измени.