Клековски: Прво да се зајакнат регионалните болници па да се направи анализа дали треба нов Клинички
Прво да се зајакнат Клиничките болници во Штип, Тетово и Битола со кадар и опрема, потоа да се направи анализа дали и колку ќе се растеретат скопските клиники за да се види дали има потреба од нов Клинички или пак доградба и надградба на постоечки објекти, смета директорот на Фондот за здравство.
Според Клековски во Скопје и во внатрешноста има доволно здравствени установи, но потребна е реорганизација. Деновиве од Владата повторно го актуелизираа прашењето за изградба на нов Клинички центар, овој пат на просторот помеѓу спортскиот комплекс “Борис Трајковски” и ГОБ “8 септември”.
-Да градиме комплетно нов во моментот без да се завршени Тетово и Штип во моментот не е пожелно, изјави Сашо Клековски, директор на ФЗО.
Директорот на ФЗО информираше и за намалување на цената на тестовите за рано откривање на рак на грлото на матката за околу 40 отсто, а со тоа намалена е и партиципацијата која ја плаќаат пациентките од 250 на 150 денари за ликвид ПАП, односно од 550 на 350 денари за ХПВ типизација. Целта како што велат од Фондот е овие испитувања да станат подостапни за жените.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
