Македонија
28. July 2026 - 16:25

Гаши на потег, ДУИ и Вреди во нов судир за законот за правична застапеност

Законот за правична и соодветна застапеност повторно ги вжешти политичките препукувања меѓу партиите од албанскиот блок. Пратениците од Европскиот фронт не се откажуваат од барањето законот веднаш да биде ставен на гласање, откако ги помина сите процедури. Обвинуваат дека овој закон заедно со останатите кои се носат со бадентер се чуваат за моментот кога опозицијата нема да биде присутна. Го повикаа собранискиот спикер Гаши да закаже ден и час за гласање. 

Од албанскиот владин партнер ВРЕДИ контра обвинувањата на интегративците. Според нив, со блокирањето на Законот за правична застапеност Ахмети им се одмаздува на албанците кои ги пратиле во опозиција. 

Законот сè уште останува заглавен во собраниската процедура, се додека Гаши не го закаже конечното гласање. Законското решение треба да биде донесено со мал бадентер, односно мнозинство од присутните пратеници кои припаѓаат на немнозинските заедници во државата.