Македонија
1. August 2026 - 16:33

Политички судир за фузијата на градинките во Штип

Процесот на рационализација и оптимизација на трошоците, освен во основните и средните училишта, ќе се спроведе и во предшколските установи. Во моментот на територијата на општина Штип егзистираат два правни субјекти, градинките „Астибо“ и „Вера Циривири – Терена“.

Градинките ќе продолжат да работат во истите објекти и клонови, но правно ќе се фузираат, што ќе значи дека нема да има два управни одбори, двајца директори, исто толку сметководители и кујни.

-Ќе имаме една кујна, еден директор, еден управен одбор, еден благајкник, со цел намалување на трошоците. Не се засегнати дечињата, ниту родителите, туку само административно спојување на две правни лица во едно правно лице. Не се засегнати ниту вработените. Никој од вработените нема да остане без работа, туку стратегијата на среден рок е како ќе се пензионираат веќе постоечките вработени, внатрешно да се реорганизираат и да нема внесување на нови вработени на веќе испразнетитите или на во иднина испразнетите работни места, изјави Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип.

Одлуката ја донесе Советот на општината со гласовите на мнозинството. Советниците од СДСМ не гласаа за одлуката зопто се сомневаат дека оптимизацијата е само параван за задскривање на неодамнешната афера со незакоското работење на директорот на градинката „Атибо“.

-Неодамна јавноста имаше можност да слушне за скандалот со сомнителни јавни набавки и трошење на парите на граѓаните за потребите на ВМРО-ДПМНЕ во детската градинка „Астибо”. Иван Јорданов тогаш влезе во улога на истражен орган, апелирајки до институциите да се истражат наводните финансиски нерегуларност, а очигледно денес со оваа одлука сака тие нерегуларности да ги задскрие, изјави Галаба Вереса Димова, советничка во Совет на О. Штип.

Од општината остануваат на ставоит дека овие промени се прават со цел поголема продуктивност, намалени трошоци и одговорно, рационално работење на локалната самоуправа.