Охрид полн со туристи но и со смет
Охрид полн со туристи но и со смет.Најкритично е на плажите долж езерото ,на местата каде се одржуваат бројните концерти ,во центарот на градот ,околу пекарите и угостителските објекти.Од Јавното претпријатие Охридски Комуналец посочуваат дека 24 часа се на терен со сите човечки и технички ресурси за одржување на јавната чистота и дневно собираат околу 600 метри кубни отпад .
Отпадот секојдневно се собира но повторно се трупа свеста кај граѓаните е на ниско ниво.
Во утринските часови насекаде може да се видат расфрлани лименки ,пластични шишиња и остатоци од храна.
Охридски Комуналец располага со специјални возила за собирање отпад и голем број дежурни екипи бидејќи условите се вонредни огромен е притисокот врз градот. Но и покрај постојаните апели изминативе години за поголема еколошка свест кај граѓаните од сето тоа се уште ништо ,истата слика се повторува секое лето.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
