Зголемување на старосната граница за пензионирање е предлогот на ММФ за одржлив систем
Зголемување на старосната граница за пензионирање, но и повисока стапка на придонеси ќе бидат предлозите на ММФ и Светска банка за одржливост на ПИОМ. Населението старее, животниот век се продолжува, додека младите се иселуваат. Затоа сегашниот модел, каде секоја година се префрлаат значителни пари од буџетот, за да се иплатат пензии, на долг рок не е одржлив. Анализата, која власта ја бараше, веќе е готова.
– ММФ ја анализираше одржливоста на пензиите, како дел од своите редовни консултации по Член IV со Северна Македонија. Врз основа на оваа анализа, консултациите забележаа дека, без реформи, фискалните притисоци поврзани со пензиите веројатно ќе се зголемат со текот на времето. За да се зајакне долгорочната одржливост на системот, ММФ препорача параметарска реформа, која може да вклучува прилагодувања на клучните параметри, како што се правилата за индексација, возраста за пензионирање и стапките на придонеси, одговорија од Меѓународниот монетарен фонд за „Фокус“
Од Светска банка за Сител го сличен став.
- Демографското стареење претставува долгорочен структурен предизвик со кој Северна Македонија – како и многу други земји – ќе треба да се справува во децениите што следуваат.
Оценката на Светската банка за пензискиот систем во Северна Македонија беше објавена во 2024 година, каде беа изнесени нашите препораки за обезбедување на социјалната и фискалната одржливост на пензискиот систем во државата.
Препораките на Светска банка тогаш беа да се зголеми старосната граница.
Од Министерството за социјала пак, велат дека се уште не ја добиле анализата. Откако ќе ја добијат, заедно со останатите владини претставници ќе одлучуваат дали понуденото решение ќе го прифатат.
Од вкупните придонеси кои газдите ги плаќаат за своите вработени 19,9% одат во фондот на ПИОМ. Од нив 6% се префрлаат во 2 задолжителен пензиски фонд.
Одржлив пензиски систем е кога најмалку 3 вработени обезбедуваат пензија за еден пензионер. Кај нас соодносот е 1,6 вработени на еден пензионер.
Во Македонија има над 350 илјади пензионери. Старосната граница е 62 за жени и 64 години за мажи.
За одржливост на пензискиот систем зголемување на старосната граница на 67 години бараше и Фискалниот совет. Но власта ваквиот предлог го одби.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
