Македонија
24. September 2026 - 16:44

Стручна комисија утврди - нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица

Нема лекарска грешка во третманот на родилката од Струмица – спиналната анестезија не е причина што останала неподвижна неколку дена по породувањето.  Ова е заклучокот на стручната комисија формирана од министерството за здравство. Петте доктори од кои двајца од странство, разгледувајќи ја целокупната документација од трите здравствени установи каде била родилката едногласно констатирале дека се било согласно протоколите и клиничката пракса. 

-Спиналната анестезија е дадена во лумбалниот (долниот) дел на ’рбетот, со стандарден лек и доза, додека промената во ’рбетниот мозок е утврдена значително повисоко, во градниот дел, изјави Сашо Клековски, министер за здравство

-Се уште не е утврдена причината зошто настанало крварење, по приложената документација од ДСЗИ и установите, постои сомневање за нарушено оформување на крвсни садови кои прокрварелеи е сосема неповрзано со спиналната анестезија и царскиот рез, изјави Др Миќун Миќуновиќ, неврохирург во Св. Еразмо

Тоа што е констатирано дека нема лекарска грешка, според здравствените власти не ја намалува тежината на она низ што минува родилката. Препораката е кога нејзината состојба ќе дозволи да бидат направени дполнителни дијагностички испитувањеа за да биде утврдена причината за нењјзината состојба. 

-Кога ќе се осети во ред да дојде во Скопје за дополнителни испитувања, бидејќи е ретка состојба треба дополнителни доиследувања, изјави Клековски

Случајот во јавноста на почетокот на август го обелодени свекорот на родилката барајќи помош но и евентуална одговорност за нејзината состојба. Тогаш ДСЗИ спроведе вонреден инспекциски надзор а за лекарскиот третман беше формирана стручна комисија.