Седум дена нема хоспитализиран пациент со западно-нилска треска
Една недела нема ниту една хоспитализација на пациент со западно-нилска треска. Од осумте кои се на болничко лекување на Инфективна, двајца се на одделот за интензивно лекување. Заладувањето овие денови влијае и на активноста на комарците, но здравствените власти велат дека и понатаму е потребна претпазливост и продолжување со мерките за превенција.
- Западно-нилската треска е непредвидлива состојба. Во 2017 година прво прскање против комарци во Скопје е во јули и нема ниту еден случај, оваа година прво прскање во мај и има најмногу случаи кумулативно, изјави Сашо Клековски, министер за здравство.
Оваа година има 70 случаи со западно-нилска треска од кои 9 починаа што е многу повеќе од вкупната бројка за изминатите 15 години.
- Она што сакаме е да исконтактираме со властите во Грција. Тие во изминатите години направија битни измени во концептите на дезинсекција, изјави Клековски.
Според прогнозите на синоптичарите наредната недела повторно ќе има повисоки температури, што ќе значи и поголема претпазливост од комарци.
-

Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар
