Вајц: Напредокот и е потребен на Македонија без разлика дали ќе сакате да се прилучите во ЕУ
Граѓаните не смеат да бидат само неми набљудувачи на европскиот пат туку активни учесници кои ќе предлагаат решенија и ќе бараат одговорност.
Претседателот на Собранието Африм Гаши на граѓанскиот форум граѓаните во срцето на проширувањето на ЕУ, порача дека институциите мора да обезбедат отворен дијалог а европинтеграиите да донесат конкретни промени во секојдневниот живот.
Евроинтеграцијата има смисла само ако граѓаните ги почуствуваат европските стандарди во своето секојдневие а не само како политичка дестинација.
-ЕУ не е само наша крајна пол дестинација таа партнер со кој делиме искуства , одговнорст , предизвици и разочарувња.
Европратениците истакнаа дека ЕУ не сака да делува како тутор туку како партнер. Порачаа дека затворањето очи пред клучните проблеми како владеењето на правото па се до депониите и загадувањето не ги решава предизвиците туку го поттикнува исселувањето на младите.
-Ако не зборуваме за пречките со коиу се соочуваме и ако не се адресираат проблемите тие нема да исчезнат алуѓето кои ја разбираат таа ситуавција ќе си одат во друга земја. Некогаш може не доживувате како тутори но не би требало да е така . жив средина и има директно влијание врз економијата.
-Иако е важно да се работи со податоци и соодветна анализа на податоците, тоа не е доволно за да се знае што им треба на луѓето. И затоа за мене е важно да се води политика не само за луѓето, туку и со луѓето исто така.
Европратениците нагласија дека и новата филозофија на Брисел се одразува со промената на слоганот ЕУ за вас во „ЕУ со вас“ со фокус на балансот меѓу интересите на корпорациите и реалните потреби на граѓаните.
Форумите на групата за поддршка на демократијата и координација на изборите при Европскиот парламент во соработка со Собранието се одржува од 25 до 27 септември во Скопје, со директен дијалог меѓу граѓаните и носителите на одлуки. Дебатите ќе се заокружат со усвојување финални препораки преку гласање на учесниците.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
