Горивата поевтинуваат од следната недела, се преговара со ОКТА за дополнителен попуст
Од понеделник премиерот очекува пониски цени на горивата. Одлуката на најразвиените земји од „Г7“ да пуштат на пазарот 100 милиони барели нафта и дизел од стоковите резерви, ќе влијаат за пад на цената. Се преговара и со ОКТА за дополнителен попуст, со што ќе останеме земја со најниски цени на горивата во регионот. Но, токму преземените владини мерки, влијаат во буџетот да се собeрат помалку приходи од акцизи и ДДВ. Затоа, ќе има нов, втор ребаланс на буџетот уште овој месец.
„Овој месец, во октомври ќе биде. Очекуваме буџетскиот дефицит дури да биде помал од првичната проекција.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски
Премиерот најавува стабилно енергетско снабдување пред престојната грејна сезона. Се ремонтираат блоковите во РЕК Битола и Тец Осломеј, се полнат акумулациите со вода, подготвени ќе ја дочекаме зимата. Околу најавените промени во начинот на пресметка на цената на гасот од страна на Регулаторната Комисија, прмиерот вели дека не е информиран. Поддржува воведување повеќе часови евтина тарифа прку ден, за сметка на ноќните.
„Јас лично сметам дека треба да има дополнителни часови евтаан тарифаа, плус 2,3 во однос на ноќната.“, изјави премиерот Христијан Мицкоски
Првиот човек на Регулаорната најави и дека се разгледува и опцијата за викендите да има повеќе часови евтина дневна струја, затоа што потрошувачката на индустријата тогаш е помала и на пазарот има вишок електрична енергија. Се размислува и цената на природнииот гас да се формира според референтна берзанска цена, слично како што се одреди цената на нафтените деривати.
-

Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар
