Мицкоски: Нема зголемување на старосната граница за пензионирање, ниту на придонесите
Нема повисоки продноеси ниту зголемување на старосната граница за пенизонирање. Пензискиот фонд е стабилен вели премиерот Мицкоски, откако вчера Фискалниот совет препорача реформи на пензискиот систем
Пари има вели Мицкоски, но тие досега се злоупотребувале за исплата на социјална помош на починати и иселени лица, а сега ќе се насочат онаму каде е потребно. Намалениот број на работници сепак носи ризици во следните години.
„Сега сè уште имаме одреден резервоар којшто е од минатото. Но, по 15-20 години од сега, тогаш ќе бидат алармантни состојбите. Во моментот на пазарот на труд имаме 709 илјади регистрирани вработени. Ние не смееме да бидеме под бројка од 800 илјади ако сакаме да имаме добар економски раст, односно позитивен економски раст од пет или повеќе од пет проценти. Треба да се најдат нови 90.000 вработени коишто ќе создаваат доход за работодавачите. Се плашам дека бројката на вработени, според проекциите за 15-20 години од денеска, може да падне под 500.000. Тогаш ќе настанат вистинските проблеми и за пензискиот систем, и за здравствениот, и за државата и целокупно за економијата“ вели Мицкоски.
Според СДСМ пак пензискиот фонд е нефункционален а со тоа во ризик се доведени пензии на сегашните и идните пензионери. Дупката во пиом од една милијарда евра според опозицијата може да се намали само ако се скратат криминалните тендери, а не со зголемување на придонесите.
-Работодавачите нема да можат да поднесат поголем трошок за вработување и тоа ќе значи помала нето плата за работниците. На македонските работници кои се со најмали плати во Европа, уште ова им треба. Помали плати и неизвесни пензии е резултатот на криминалните политики на Мицкоски. Пензионерите се украдени од власта, пензиите не им се зголемија колку што требаше, сега се соочуваат со неизвесност. Нема пари па власта сака да посегне и по парите од вториот пензиски столб. Најновиот изговор за да им ги украдат парите на граѓаните и на идните пензионери се измислени иневстиции, вели Јована Тренчевска, пратеничка и потпретседателка на СДСМ.
Фискалниот совет вчера предупреди дека без реформи на пензискиот систем дефицитот во ПИОМ во следните 10 години ќе достигне 1,3 милијадри евра.
Зголемување на придонесите за пензиско осигурување на 20 проценти, зголемување на старосната граница за пензионирање за една година, подолго доброволно останување во работен однос, повисока минимална пензија и напуштање на ад-хок зголемувањата на пензиите беа дел од нивните препораки.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
