Македонија
6. October 2026 - 19:51
Во Македонија меѓу себе се бараат околу 90 илјади лица
Во Македонија меѓусебе се бараат околу 90 илјади лица посочуваат од невладината Градиме иднина при спроведеното истражување.Тие бараат посвоените деца да имаат увид во книгата на родени за да ги дознаат биолошките родители и измени во законските одредби што го ограничуваат тоа право.
Радиша Павловиќ, претседател на Државната комисија во Србија за истражување на случаите на пријавени исчезнати деца, укажа на потребата од регионална соработка за решавање на случаите.
На вчерашната работна средба со министерот Велковски и надлежни од труд и социјална политика било ветено формирање комисија што ќе работи на измени на легислативата.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
