Македонија
17. October 2026 - 16:42

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници

Болни и немоќни лица и лица кои издржуваат казна затвор или мерка притвор гласаат денеска на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. 

Од Државната изборна комисија информираат дека право на глас денеска имаат 88 болни или немоќни лица и вкупно 9 лица кои издржуваат казна затвор. Гласањето за нив се организира во три казнено поправни установи во Скопје, Штип и Тетово. 

Изборите за градоначалник на Брвеница, пак стартуваат утре во 7 часот со отворање на избирачките кутии на 24 избирачки места. Право на глас имаат 16.256 запишани избирачи, од кои според податоците на ДИК, 449 се на привремена работа во странство.

Во трка за функцијата се вкупно 6 кандидати, 4ца поддржани од партии и коалиции и двајца независни кандидати. За победа еден од кандидатите треба да освои над 50% од гласовите утре, а на гласање да излезат една третина од запишаните избирачи.

Со оглед на големиот број кандидати сосема извесно е дека Брвеница ќе оди и на втор круг избори за градоначалник кои би се одржале за две недели односно на 1 ноември, помеѓу двајцата кандидати кои утре ќе освојат најмногу гласови.

Вонредните избори во Брвеница се организираат по ненадејната смрт на градоначалникот Јовица Илиевски во јуни годинава.