Македонија
11. November 2026 - 12:12

Старите занаети изумираат

Старите занаети во изумирање. Поради недостаток на интерес кај младите и ефтината индустриска роба голем број дуќанчии во старата чаршија ставаат клуч на врата. Нема кој да ја продолжи традицијата. Ковачи, крзнари, којунџии речиси и да нема, а од 15 кондураџии во градот останати се само двајца.

Масовното производство на евтини обувки од увоз ја промени психологијата на купувачите. Луѓето денес почесто купуваат нови обувки со низок квалитет отколку што одлучуваат да ги поправат старите кај мајстор или да инвестираат во квалитетни, рачно изработени кондури.

Најголемиот проблем велат од комората е што нема стратегија за развој на занаетите.

Moментално во Охрид најмногу има физери, бербери и козметичари кои отсекогаш биле најбројни.