Притвор за уште еден од учесниците во инцидентите, роднините на приведените бараат ослободување
Мерка 8 дена притвор за уште едно лице за учество во инцидентите во четвртокот во собранието. Судија на претходна постапка на други две лица им определи мерки за претпазливост. Сите тројца основното јавно обвинителство Скопје ги сомничи за сторено кривично дело „учество во толпа“. Досега во притвор се осум лица, а по исто толку полицијата трага. Поради ваквите одлуки роднини и пријатели на приведените протестираа пред ЈОРМ. Побараа веднаш да бидат пуштени на слобода.
-.Тие исти луѓе беа провоцирани од така нареченото мнозинство кое сега сака да ја води државата, а тие истите ги погазиле сите демократски средби по основ на кршење на Устав како и Деловник за работа на парламентот и изгласаа нелегитимен претседател, а целата процедура околу избирањето на претседател буквално било изведено на шверцерски начин со што се уништува демократијата во Република Македонија, изјави Климент Стоилов.
Роднините и пријателите на притворените пред обвинителствто носеа маици со натпис- “Слобода за патриотите”.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
