ИРИ: 28 отсто доверба за ВМРО-ДПМНЕ, 16 за СДСМ за следните локални избори
На локалните избори 28 проценти би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, 16 отсто за СДСМ, ДУИ би го поддржале 8 проценти, БЕСА 7, Алијансата за Албанците и ДПА по 2 отсто, ГРОМ и ЛДП по 1 отсто, покажуваат резултатите од анкетата на Меѓународниот републикански институт. Според добиените резултати 61 отсто од испитаниците рекле дека се многу расположени да гласаат, 21 отсто се расположени, а пет отсто не се расположени за гласање.
44 проценти од испитаниците во анкетата на ИРИ сметаат дека треба да има предвремени парламентарни избори, 41 отсто дена не треба, а 15 отсто не знаат.
Доколку има предвремени парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 27 проценти од испитаниците, 17 отсто за СДСМ, по 7 насто за ДУИ и за БЕСА, а по 2 проценти за Алијансата на Албанците и за ДПА.
Доколку се одржат предвремени парламентарни избори, 76 проценти би гласале, а 7 отсто рекле дека нема да гласаат.
59 отсто од испитаниците би биле многу расположени да гласат, 18 отсто би гласале, а 7 отсто не се расположени да гласаат.
На прашањето во анкетата на ИРИ дали претседателот Ѓорге Иванов треба да го даде мандатот за формирање на владата на новото парламентарно мнозинство, 58 отсто од испитаниците одговориле позитивно, 22 отсто се против, за 12 проценти зависи од последиците што ќе ги предизвика за земјата, за 5 отсто зависи кој ќе биде мандатар, а 10 отсто немале одговор.
Кои се двата најсериозни проблема со кои се соочува Македонија,според резулататите од анкетата на ИРИ 45 отсто од испитаниците одговориле моменталната политичка состојба и политичката криза, 37 проценти ја истакнале невработеноста, 23 насто лошиот стандард на живеење, а 18 отсто економската криза. За 7 отсто проблем е националното неединство предизвикано од тиранската платформа, а за 6 проценти тоа се интеретничките односи.
Теренската анкета на ИРИ е спореведена на репрезентативен примерок од 1.108 граѓани во периодот од 4 до 12 март.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
