Ноќна трка во Прилеп
Во рамки на „Европската недела на мобилност“ вечерва во Прилеп се одржа ноќната трка на 5 км. – ПРИЛЕП ТРЧА, на која учествуваа 70-тина љубители на трчањето. Оваа трка е продолжување на концептот „Прилеп трча“, кој го започнаа членовите на ОК „Златоврв“ во 2019 година и кога еднаш неделно низ прилепските улици се организираше трчање а 5 км. за сите кои сакаа да се приклучат на истото.
„Тоа и сакавме да го постигнеме денеска „Прилеп трча“ да продолжии како концепт секоја недела, како рекреативен настан каде што секој граѓанин ќе има можност да се приклучи на нашата група и секоја недела да трчаме во група, различна патека од 5 км.“, рече Мери Чкрипеска, дел од организиаицата на трката.
Кирил Велкоски со 70 години е најстариот тркач во Прилеп кој трча и планински трки, но и трки во град.
„Досега имам неколку истрчано една на Галичица, Чупино Вертикал, односно 3 планински и 4 трки низ градовите“, додаде Кирил Велкоски, учесник на „ПРИЛЕП ТРЧА“.
Трчањето станува многу популарен спорт кај младите.
„Прв пат трчам, имам 12 години, интересно е“, рече еден од учесниците.
„И јас прв пат трчам на оваа трка, ме привлекува атмосферата“, кажа друг од учесниците.
„Јас имам повеќе пати трчано, на 5 км. а оваа дестинација ја трчам за околу 30 минути“, додаде трета учесничка на настанот.
„Имам и јас трчано на повеќе трки, доста е интересно, рече друга натпреварувачка.
Победник беше Виктор Вељаноски кој е член на ОК „Златоврв“ од 2015 година, кој вели дека младите се повеќе го засакуваат трчањето како спорт.
„Прекрасно е чувството кога ќе се победи во својот град. Денес младите се повеќе се занимаваат со трчање. Тоа што организираме повеќе трки тука, тие доаѓаат и им станува убаво и интересно и се занимаваат со овој спорт“, изјави Виктор Вељаноски, победник на „ПРИЛЕП ТРЧА“.
Ред на трката воспоставуваше сообраќајната училишна единица од СОУ „РИсте Ристески Ричко“ кои беа дел од оние кои ја обезбедуваа трката да помине во најдобар ред.
„Се понудија да бидат поддршка и да бидат дел од организацијата за промена на режимот на сообраќај за да може успешно да се изврши ова трка и да може безбедно да се изврши сообраќајот во централното градско подрачје“, кажа Виолета Секулоска, предметен професор по сообраќајна струка.
Се планира ова трка да прерасне во традиционална.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар