Нова фабрика на „Макрогрес“ од 8,5 милиони евра, Мицкоски најави поддршка за домашните бизниси

Нова фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“, инвестиција од 8,5 милиони евра, пушти во употреба денеска компанијата „Макпрогрес“ во присуство на премиерот Христијан Мицкоски.
Генералниот директор на „Винчини“, Глигор Цветанов, информира дека инвестицијата од 8,5 милиони евра е од сопствени средства и кредити од комерцијалните банки, вклучително и дел кредити од унгарската линија, која ја обезбеди Владата.
-Покрај првичните 40 вработувања, од кои некои се од постојните вработени, а други нови, в година се планирани уште 40 бидејќи ќе се удвои капацитетот на производство - најави Цветанов.
Објектот, како што рече, е изграден за шест месеци, а располага со две современи производни линии за производство на вафли и сродни кондиторски производи наменети за домашниот и за странските пазари.
Премиерот Христијан Мицкоски најави натамошна поддршка за домашните бизниси потенцирајќи дека е импресиониран инвестиција затоа што „Макпрогрес“ од скромен семеен бизнис прерасна во регионален гигант со промет од над 40 милиони евра.
-Компанијата е еден од темелите на македонската кондиторска индустрија. Како Влада ќе сториме сè што можеме за да помагаме ваков бизнис бидејќи 80 проценти е наменето за извоз. Ги сушнавме амбициите и целите и ќе сториме сè како Влада да помогнеме да бидеме додадена вредност во делот на реалзиација - рече Мицкоски.
МИА
Ново на Сител
-

Силјановска Давкова на средба со Јотова во среда во Софија
-

Тема на денот со Оливер Миланов, директор на Агенција за храна и ветеринарство
-

Од полноќ нови цени на горивата, Мицкоски најави поевтинување на струјата од нова година
-

Статистиката измери инфлација од 4,8% во мај
-

Партиски препукувања околу европската иднина на Македонија
-

Законот за правична застапеност во среда пред пратениците
-

„Пулс“ надвор од системот, ниту еден редовен ниту вонреден надзор на ДЗС
-

Во тек е постапка за вработување на пет инспектори во Инспекторат за употребата на Законот за македонски јазик
