Македонија
8. July 2024 - 19:46

Нови признанија на вина во случајот „Синџир“

Најголемата судска сала во Кривичен беше претесна да ги прими обвинетите во предметот „Синџир“ кој заврза 30тина сопственици на фирми заради даночно затајување. Правеле лажни фактури со поголем данок и ваделе кеш од банките.

Според обвинителството, го оштетиле буџетот за над 8 милиони евра.. Работеле сложно, а шемата на злосторничкото здружение, обвинителството со фотографија им ја прикажа во судница.

Откако слушнаа зошто се на обвинителна клупа, шестмина ги признаа кривични дела. Вината ја прифатија и во име на фирмите кои ги раководеле.

Дека фирмите кои се најголем дел од Неготино, Деимр Капија, Охрид и Битола испумпувале пари од државниот буџет, нивни сопственици признаа уште пред да почне судењето.. Добија условни казни, а во буџетот на државата вратиле еден милион евра.

Колку пари ќе треба да вратат шестмината кои денеска признаа дека затајувале данок и переле пари, судот ќе објави утре.

За останатите кои на почетокот на денешното рочиште се изјаснија за невини, судењето ќе продолжи наредната недела.