Македонија
22. јуни 2020 - 16:40

Објавени снимки со екс директорот на ФЗО како прима поткуп

Видео и аудио бомби поврзани со поранешниот директор на ФЗО Ден Дончев денеска се појавија на социјалните мрежи. На видеото се гледа како Дончев зема одредена сума пари и ја става во чанта,  додека во аудио снимките  за кој објавувачот пишува дека е гласот на Дончев се слуша  како тој вели дека е во постојана комуникација со директорот на финансиското разузнавање кој меѓу другото му бил близок пријател на Зоран Заев.  Според објавените информации кои беа пренесени во поголем дел од медиумите,  во разговорите,  Дончев го координира случајот во јавноста познат како рекет 2,  односно да влезат во компанијата „Дијамед“ која пак обвини за рекетирање од власта.  

За објавените снимки Сител побара одговор и од Ден Дончев. Во краткиот телефонски разговор тој рече дека неговиот одговор ќе го соопшти дополнително за што навреме ќе биле информирани сите медиуми.

За денешните бомби  на прес конференција свој став даде и претседателот на СДСМ ЗоранЗаев. Според него адвокатот Медарски кој се спомнува во една од снимките не бил Не бил вклучен во ништо што е поврзано со „Дијаверум“ на никаков можен начин, ниту ангажиран како адвокат, а ниту МВР работело на такви предмети.

Од ВМРО ДПМНЕ побараа Заев да одговори какви релации има со Дончев и дали му дозволил да избега

Ден Дончев си поднесе оставка од директорската позиција во Фондот пред околу еден месец. Образложението беше дека тоа е нaправено од лични причини.