Облачно со повремени врнежи од дожд

Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавуваат облачно време со повремени врнежи од дожд, локално пообилни - над 25 литри на квадратен метар. Кон крајот на денот, се очекува врнежите да престанат. Се очекува да дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој наместа долж Повардарието, повремено ќе засилува.
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 10, а максималната ќе достигне од 10 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Според синоптичарите, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 12 Целзиусови степени.
Од утре и во деновите потоа, според синоптичарите, времето ќе биде стабилно и суво со променлива облачност во текот на денот. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Од петок облачноста ќе се намали и во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимална температура, што наместа ќе се спушти под нула степени.
МИА
Ново на Сител
-

Мнозинството бара надзорна расправа за Алта да се одржи утре
-

Возачите научија каде се камерите на Сејф сити и возат побавно, МВР најави нов начин на санкционирање на „непослушните“
-

МЗ - Нема да има присилни мерки за вакцинација со МРП-вакцината
-

Брисел денеска ќе го оцени напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија
-

Филипче го повика гувернерот Славески да си поднесе оставка
-

Со Национална стратегија за безбедност во сообраќајот до помалку жртви
-

Индустријата губи работници, причините се различни
-

Преглед на вестите од светот
