Образовен асистент ќе биде обезбеден за сите деца кои имаат потреба
Опфатот на деца со попреченост што ќе добијат образовна асистенција оваа учебна година ќе биде зголемен. Функционалната проценка од страна на стручните тела веќе теќе и до сега биле проценети околу 500 деца. Процесот на проценка започнал уште од јануари и според најавите треба да заврши до средината на септември. Од службата за функционална проценка велат родителите не треба да бидат загрижени бидејќи сите деца кои имаат потреба ќе бидат проценети, а врз основа на тоа ќе добијат и соодветна асистенција или услуга.
-Во моментот имаме поголем притисок од ученици од основните училишта кои имаат потреба од образовна асистенција. Но, сакам да упатам апел до родителите да бидат трпеливи бидејќи сите деца кои имаат потреба од образовна асистенција ќе бидат проценети во првата половина на месец септември. Така да процените се во тек, до сега имаме вкупно проценето над 300 деца за кои што имаме доделено услуга образовна асистенција и некаде околу 200 деца кои што имаат доделено други услуги.,, вели Горан Петрушев - раководител на службата за функционална проценка при ЈЗУ здравствен дом Скопје.
Освен поголемиот опфат на деца промени има и во начинот на работа и времето за проценка кое трае во просек од околу четири часа само за едно дете. Порано за овој период биле проценувани и над дваесетина деца.
,-Целиот начин на проценка е променет и за една проценка ни е потребно повеќе време, значи се задржуваме некаде во просек заедно со обработка на материјалот и со проценката и со разговорот со родителот, некаде околу три до четири часа ни се потребни за проценка едно дете и тука е разликата бидејќи порано во четири часа се проценуваа над 20 до 30 деца, а сега четири часа се потребни за едно дете, така да тоа е квалитативно променет начин на работа, вели Петрушев.
Во моментов на ниво на држава работат четири стручни тела. Две од нив се во Скопје и по едно во Струмица кое го покрива југоисточниот регион и уште едно што го покрива Пелагонискиот регион.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар