Обвинетиот за обид за убиство на Трамп повторно пред суд, бара да се брани сам

Рајан Рут (59), обвинет за обид за убиство на американскиот претседател Доналд Трамп, денеска повторно се појави пред федерален суд, со цел да го образложи барањето самиот да ја води својата одбрана, откако побара да бидат повлечени неговите назначени адвокати.
Рочиштето се одржува пред судијката Ајлин Кенон, која претходно овој месец го разгледуваше истото барање, но најави дека ќе донесе писмено решение, пренесе Еј-Би-си њуз. Во меѓувреме, и адвокатите на Рут побарале да се повлечат од случајот, наведувајќи дека нивната комуникација со обвинетиот е „непомирливо нарушена“.
Американскиот Врховен суд има пресудено дека обвинетите имаат право самите да се застапуваат во кривични постапки, доколку докажат пред судијата дека се способни свесно да се откажат од правото на правен застапник.
Рут е обвинет за обид за убиство на претседателски кандидат, за напад врз федерален службеник, за поседување оружје и муниција, како и за поседување огнено оружје со избришан сериски број. Дополнително, против него се води и постапка на државно ниво за тероризам и обид за убиство.
Според обвинението, Рут бил забележан со пушка во грмушки во близина на приватното голф игралиште на Доналд Трамп во Вест Палм Бич, Флорида, на 15 септември 2024 година. Обвинителите тврдат дека тој со недели внимателно го планирал нападот врз Трамп. На местото на настанот реагирал агент на Тајната служба којшто ја обезбедувал територијата, при што Рут наводно ја вперил пушката кон него. Агентот веднаш пукал, по што Рут го испуштил оружјето и избегал, без да испука ниту еден куршум. Беше уапсен во близина, со помош на очевидци.
Судијката Кенон на претходното рочиште најави дека судењето, закажано за 8 септември, нема да се одложи дури и ако Рут добие дозвола да се брани сам. Федералната канцеларија за јавен бранител потврди дека обвинетиот одбил шест термини за средба со своите адвокати, а во писмо до судот напишал дека „се разликуваат милиони километри во пристапот на одбраната“.
Ако биде прогласен за виновен, му се заканува доживотна затворска казна.
Ново на Сител
-

Заловени македонски бикови кои влегле во Бугарија
-

Од утре започнува целосна реконструкција на Платежната агенција – вработените таму треба да се преселат до крајот на годината
-

Минчев од Брисел: Работиме на реформите за ЕУ, но и на заштита на македонскиот идентитет
-

Меланија Трамп се прошета со хуманоиден робот
-

Преглед на вестите од светот
-

Пратенички прашања – опозцијата обвинува за економска криза, власта тврди дека се превземаат мерки
-

Гаши: Собранието работи на усвојување на законите од реформската агенда
-

Муцунски во посета на Полска – интергацијата на Западен Балкан е „незавршена работа за ЕУ“
