Обвинителство: Извршен увид на местото каде е убиен еден турски државјанин, а еден повреден

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје извршил увид на локација во Старата скопска чаршија каде еден турски државјанин бил убиен, а еден повреден. Издадени се и наредби за прибирање докази.
- Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на локација во Старата скопска чаршија каде околу 1 часот по полноќ беа пронајдени двајца турски државјани со повреди од остар предмет, од кои едниот малку подоцна почина. Издадени се итни наредби за обезбедување докази и МВР постапува за откривање на сторител на кривично дело и расчистување на настанот, се вели во соопштението од Обвинителството.
Претходно, денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во врска со убиениот турски државјанин, кажа дека во инцидентот е тешко телесно повредено уште едно лице и оти двајцата добиле повреди од остар нож.
- Имаме осомничено лице, во интерес на истрагата не би можел да отворам повеќе детали. Моментално лицето е во бегство. Станува збор за поголем број учесници во вчерашниот кривично-правен настан и според информациите што ги имам досега - сите се странски државјани, рече Тошковски.
МИА
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
