Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто
Од 1 јули ќе почне првото намалување на царинските тарифи за 50 отсто, рече денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска.
Царинскиот закон за тарифите што е веќе во владина процедура и кој ќе опфати над 70 тарифни броеви, беше една од темите на денешната средба на Димитриеска Кочоска со претседателот на Комората Бранко Азески.
- На средбата денеска најмногу се задржавме на царинскиот закон за тарифите што веќе влезе во владина процедура и според кој, на над 70 тарифни броеви ќе им се намалат царинските тарифи за 50 отсто, но помеѓу она што значи стапка во ЕУ и повисоката стапка кај нас. Значи, двапати ќе ги намалуваме тарифите додека не ги усогласиме со ЕУ. Првото намалување за 50 отсто ќе почне од 1 јули 2025 година и мислам дека ќе значи и поддршка за компаниите да произведуваат и извезуваат повеќе, да им овозможиме фер услови во однос на европските, потенцира министерката.
Ново на Сител
-
Со хеликоптери се гаси пожарот кај Блаце
-
Модерен систем за управување со администрацијата
-
Алиу: За прв пат по 10 години ажурирана позитивната листа
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со премиерот Христијан Мицкоски
-
ВМРО-ДПМНЕ го кандидираше Орце Ѓорѓиевски за градоначалник на Град Скопје
-
38 воени возила ќе се користат за гаснење на пожарите во државата
-
Мицкоски: Нема да има данок за неженети и немажени