Од денеска отворени сите граници, но протоколите остануваат непроменети
За остварување на влез или излез од државата повеќе нема потреба да се користат само одредени гранични премини како што тоа беше случај во изминатите три месеци. Од денеска, рампите на сите граници во државата се кренати. Но, за да се помине на некоја од нив мора да бидат применети мерките кои веќе се активни. За македонските државјани кои влегуваат во сопствената земја на сила и понатаму остануваат задолжителниот негативен тест на корона вирус како и изјава за двонеделна самоизолација.
Согласно новата одлука, освен македонските, на сите гранични премини влез и излез ќе може да остваруваат и странски државјани, но и за нив важи претходно донесениот протокол за транзит кој не смее да трае повеќе од пет часа.
Со овие одлуки, еднодневното влегување и излегување во и од државата и понатаму нема да биде возможно. Тоа значи дека граѓаните од пограничните региони за неколку часовните прошетки до најблиските места од другата страна на границата кои најчесто се правеа за пазарење ќе треба да почекаат уште некое време.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
