Од понеделник продолжуваат дијагностичките испитувања за бруцелоза кај говедата

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) излезе во пресрет на барањата на ветеринарните друштва, изнесени на неодамна одржаниот мирен протест, за продолжување на дијагностичките испитувања за бруцелоза кај говедата. Од понеделник, 23 ноември, Факултетот за ветеринарна медицина – Скопје, ќе продолжи со спроведување на испитувањата, со што ќе се реализираат предвидените мерки со Програмата за здравствена заштита на животните за годинава.
Како што информира АХВ, за реализирање на овие активности, Агенцијата и Факултетот, во интерес на одгледувачите на животни и заштитата на јавното здравје, најдоа решение и склучија договор за донација, со кој се овозможи континуирано вршење на овој тип лабараториски испитувања, кои за сточарскиот сектор, потрошувачите и економијата се од исклучително големо значење.
-Целта на испитувањата е дијагностицирање, следење контрола и спречување на појава и ширење на болеста бруцелоза кај говедата, ставање во промет на здрави животни и нивни производи и заштита на јавното здравје, наведува АХВ.
МИА
Ново на Сител
-

МВР со апел – заштитете ги децата од опасностите од насилната „764” онлајн група
-

Активисти од „Ниту една повеќе“ и граѓани блокираа пред Владата
-

Разликата меѓу синдикалната и владина октомвриска кошничка над 11.000 денари
-

Следната среда продолжение на надзорната расправа за Алта
-

Почна амандмантската расправа за Буџетот
-

Судијата Ристов го оспорува начинот на собирање на доказите
-

ОЈО Охрид: Поднесено обвинение против две лица и две фирми поврзани со смртта на Љушев
-

Светски ден на детето
