Македонија
15. December 2022 - 16:36

Одбележано раѓањето на 20.000тото бебе во болницата Аџибадем Систина

Малиот Блажо е 20.000- тото бебе родено во Клиничката болница “Аџибадем Систина“ од основањето на брендот пред 20 години. Новороденчето дојде на свет пред две недели со спонтано породување и е четврто дете на семејството Стојанови од Струмица.

-Благодарни сме од срце за овој преубав гест и можноста за бесплатен третман на моето дете, изјави мајката Славица Стојанова.

Со шампањ и шарени балони пред Клиничката болница “Аџибадем Систина” беше одбележан јубилејот 20.000 бебиња за 20 години.

-Целокупниот концепт на болницата – ‘Acibadem Sistina BABY’ донесе нова димензија во грижата за трудниците и нивните новороденчињa. Како најголемо приватнопородилиште, грижата за идните мајки и нивните најмили е приоритет, применувајќиги сите светски трендови и технологии во областа на гинекологијата и акушерството, изјави д-р  Гордана Петровска, гинеколог акушер и шеф на Одделот за гинекологија и акушерство во Клиничката болница “Аџибадем Систина“ .

- Ова е навистина голем успех за мене и за моите колеги гинеколози акушери со кои заедно успеавме да ја изградиме успешната приказна на ‘Систина’ уште од самите почетоци, изјави д-р Слободан Дракулевски, гинеколог-акушер во Клиничката болница “Аџибадем Систина”.

- Во оваа голема бројка од 20 000 бебиња, значаен дел имаат и новороденчињата зачнати со помош на асистираните репродуктивни технологии. Благодарение на ИВФ-центарот, го исполнивме сонот на илјадници семејства“, вели др Слободан Лазаревски, шеф на Центарот за ИВФ во „Аџибадем Систина“.