ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица бара одговори но и одговорност за опожарените објекти во општината
Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Струмица бара одговори, но и одговорност за опожарените објекти во општината. Како пример го посочија домот на културата во селото Куклиш кој изгоре пред седум години. Но, од тогаш и локалната и централната власт на СДСМ единственото го што направиле биле само празни ветувања.
Одговори побараа и за пожарот во Глобал.
Додека се чекаат одговорите за причините за пожарот во ТЦ Глобал, интензивно се работи на негова санација. Веќе е формирано здржение Обнова на Глобал и отворена посебна наменска сметка за донации.
Непосредно после пожарот апел за помош на сопствениците на изгорените објекти упати и премиерот Заев.
Минатиот месец владата донесе и заклучок со кој има препорача на органите на државната управа, јавните претпријатија основани од државата, акционерските друштва во државна сопственост, но и на останатите државни институции, јавни претпријатија, општините како и на приватниот сектор, во рамките на финансиските можности што ги имаат да донираат средства и да го помогнат обновувањето и реконструкција на опожарениот трговски центар.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
