Македонија
18. јуни 2022 - 16:30

Општина Штип сака индустриска зона, А.Д. „Аеродроми“ планира да постави фотоволтаици на исто земјиште

За 30 ха државно земјиште на потегот од штипската приградска населба Три Чешми кон Калимерово, заинтересирани и општината и АД за аеродромски услуги „Аеородроми“. Локалната самоупорава смета дека ова е атрактивна локација за индустриска зона, а „Аеродроми“ веќе иницирал пренамена на земјиштето за да поставува сончеви колектори.

  • Не треба да биде наменето за фотоволтаици, зашто во сите големи центри индустриските зони се лоцирани на влезовите на градовите, па следствено на тоа интерес на општина Штип е да направи промена на ДУП и на таа локацја да имаме индустриска зона која ќе значи развој на нашиот град и подобрување на можноста домаѓните инвеститори да отворат производствени капацитети- изјави Иван Јорданов, градоначалник на Штип.

Изградба на нова индустриска зона е на барање на бизнисот, зашто постојните општински зони веќе се пополнети. Поради ниските приходи и лон производството, стопанствениците повеќе не се заинтересирани за инвестиции во текстилната индустрија.

  • Станува збор за лесна индустрија којаби можела да егзистира таму и да биде привлечна за инвеститорите, не само од општина Штип, туку и од околните градови и држави- додаде Јорданов

Спорот помеѓу општината и „Аеродроми“ треба да го реши Агенцијата за просторно планирање.