Орбан: Ако Европа не ја поддржуваше Украина, веќе ќе имаше мировни преговори

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Украинците сакаат да ја продолжат војната, дека Европа ги поддржува во тоа, како и дека мировните преговори можеа да почнат одамна доколку европските земји не застанаа зад Украина.
Орбан рече дека најголемата пречка за мир е тоа што Украина сака да ја продолжи војната, пренесува „Маѓар немзет“.
Сите знаеме дека постојат пречки за мир. Украинците сакаат да ја продолжат војната. Тие имаат право на тоа, иако ја загрозуваат цела Европа, но сепак тоа е нивна земја, нивна борба за слобода – рече Орбан.
Тој оцени дека конфликтот сè уште трае затоа што европските земји ја поддржуваат Украина.
Уште попроблематично е што Европејците ги поддржуваат во ова, бидејќи доколку Европејците не застанаа зад Украинците, тие немаше да можат да ја продолжат војната. Преговорите ќе беа завршени одамна. И ќе имаше примирје и мир – нагласи Орбан.
Тој заклучи дека Европа е таа што го одржува конфликтот жив и оти „доколку се вразумеа, ќе завладееше мир“.
МИА
Ново на Сител
-

Сведоштво на Дарко Стојанов за кобната вечер во „Пулс“: Ниту денеска не знам кој ме извади онесвестен
-

Сведоштва на лекари и сестри за трагедијата од Кочани
-

Што направи државата по пожарот во Kочани?
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
