Орбан: Клинтон бараше Унгарија копнено да ја нападне Србија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан ја бранува јавноста со тврдењето дека во 1999 година, за време на НАТО бомбардирањето врз СР Југославија, тогашниот американски претседател Бил Клинтон побарал од Будимпешта да отвори копнен фронт против Србија.
На состанок во Сомбатели, Орбан детално опиша како Вашингтон барал унгарската војска да изврши инвазија од север или барем да отвори оган преку Војводина кон Белград.
Според неговите зборови, тој лично му одговорил со „Не, господине!“ на Клинтон, посочувајќи на опасноста за 300.000 Унгарци кои живеат во Србија. „Да имавме премиер кој знаеше само да каже ‘Да, господине’, ќе бевме во војна до врат“, заклучи Орбан, истакнувајќи дека храброста да се одбие голема сила ја спасила Унгарија од директен конфликт.
Ново на Сител
-

Со „Безбеден град“ ќе се намалат прекршоците
-

209 милиони денари за изградба на дом за стари лица во Кочани
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-

Преглед на вестите од светот
-

Киднапирање во центарот на Белград: Македонскиот пејач Даниел Кајмакоски спасен, напаѓачите во бегство
-

Мицкоски очекува заплена од над 100 тони марихуана
-

Заев се јави за обвинувањата за нелегална марихуана - ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од кажаното
