Осомничените се обиделе да прегазат полицајци и одзеле пиштол, синдикатот реагира на политизација на случајот

Независниот синдикат на полицијата реагираше остро на обидите за политизирање на случајот и поврзување на борбата против нелегалната трговија со дрога со етничката припадност.
Во соопштение објавено на Фејсбук, синдикатот ја пренесува својата верзија за полициската акција, наведувајќи дека осомничените прво се обиделе да ги удрат полициските службеници со возилото, по што на еден од полицајците му го одзеле службеното оружје.
Според наводите на синдикатот, осомничените потоа се обиделе да побегнат, предизвикувајќи неколку сообраќајни незгоди на автопатот Скопје – Тетово. За време на бегството тие биле повредени, додека наркотичните средства биле откриени при дополнителен преглед.
Од синдикатот истакнуваат дека етничката припадност на полициските службеници кои учествувале во интервенцијата не треба да биде предмет на дискусија, бидејќи нивната задача е да се справуваат со криминалот, притоа изложувајќи се на сериозен ризик.
„Криминалот нема етничка граница“, наведуваат од синдикатот, од каде што бараат надлежните институции темелно да ги испитаат сите околности на настанот, како и постапките на полициските службеници.
Воедно, од Независниот синдикат на полицијата упатија апел до политичките партии да не заземаат позиции со кои, според нив, би застанале во одбрана на криминалот.
Ново на Сител
-

Сточарите со загуби, 450 илјади вакцини на пат
-

Голем интерес за викенд куќи под Беласица, Ново Село од 13 парцели инкасираше 5,7 милиони денари
-

Наскоро се очекува да профункционира домот за стари лица во Охрид
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Никола Србов, историчар
-

Мицкоски верува во решение преку дијалог со Бугарија - Филипче бара европска иднина
-

ВМРО-ДПМНЕ со 3,5 пати поголем рејтинг од СДСМ
-

Кризната состојба за горивата ќе продолжи до април, намалено ДДВ за дизелот до 20 октомври
