Освен што е лидер во селекција на комунален отпад, Прилеп тежнее да стане лидер и во собирање електронски отпад
Прилеп продолжува да биде лидер во селекцијата на отпад во Македонија. Денеска на 12 локации низ градот, покрај контејнерите за селекција на пластика, хартија и стакло се поставени и контејнери за собиратање на електронски отпад. Идната недела ќе бидат поставени уште 12. Контејнерите се наоѓаат на лесно пристапни локации, главните градски улции, каде граѓаните може да дојдат со возила и да го остават отпадот. Станува збор за отпад кој е помеѓу најштетните за животната средина.
„Овој отпад содржи штетни материи, олово, кадмиум, и други кои треба да бидат одделени од сиот оној комунален отпад кој го депонираат граѓаните во контењерите и во кантите за смет. И секој граѓанин ќе може да ги одлага електричните и електронските уреди од помали монитори за компјутер, помали печатачи, мобилни телефони, батерии, акомулатори токму на овие места“, истакна Рубин Абрашоски, директр на ЈКП „Комуналец“ – Прилеп.
Контејнерите ќе ги празни Колективниот постапувач Нула Отпад. Освен овие контејнери ќе има и два собирните центри каде граѓаните ќе може бесплатно да носат погабаритни електронски уреди. Едниот центар се наоѓа во кругот на платото за селекција на отпад кај населбата Сточен пазар, а другиот кај депонијата Алинци.
„Локалната самоуправа работи и на едуцирање со пропаганда и делење на мислења на летоци, да се запознаат граѓаните и јавноста колку е од корист правилната селекција на овој вид на отпад. Прилеп секогаш е и ќе биде еколошки чист град“, додаде Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
Инаку Прилеп со околу 1.000 тони селектирана пластика и хартија на годишно ниво е лидер во селекцијата на отпадот во Македонија. Прилеп селектира 40% од вкупниот селектиран отпад во државава, вклучувајќи го тука и Скопје. А во градот и 16 населени места секое семејство во посебни канти ја селектира хартијата и пластиката.
-
Дарко Штарговски
Сите содржини од овој новинар