Македонија
15. јуни 2025 - 16:33

Откриени 5 гробници издлабени во камен на локалитетот Крклари дел од заштитеното подрачје Маркови Кули

Пет гробници од македонски тип клесани во камен се откриени со годинешните истражувања на локалитетот Крклари кој се наоѓа во состав на на поширото заштитено подрачје Маркови Кули. Гробниците се градени со дромос или ходник, пред комора и главна комора, каде се наоѓале ккремираните остатоци од покојникот. Гробниците потекнуваат од 1 и 2 век од пред нашата ера. 

„Со доистражувањата на овој тип гробници во пелагонискиот регион ќе се надополнат сознанијата за погребувањето на луѓето од повисокиот општествен и политички статус за време на владеењето на последните македонски кралеви Филип Петти и Персеј. Со тоа и ќе станат една убава туристичка атракција со понатамошните конзерваторски работи, нивно заштитување и целосен пристап за да можат посетителите и туристите да ги посетат и да го видат начинот на погребување од овој тип“, истакна Владимир Крстески, конзерватор археолог при НУ Завод и Музеј Прилеп.

Гробниците се наменети за луѓе од повисок општественмм статус. Досега откерини во Макдонија ги има најмногу во прилепско дури 27. А истите се поврзиваат со античките градови Кераммија која опстојувала кај ридот Маркови Кули и градот Колобаиса лоциран кај манастирот Трескавец.

„Се разбира дека индиции за уште поголем број на гробници, истражувањата ќе продолжат и во наредните години, со што ќе бидат целосно истражени и доистражени сите познати и непознати гробници кои се на оваа територија. Уште нешто специфично што може да се додаде за овој тип на погребување е што најголемата нивна концентрација се наоѓа во близина на античките градови Керамија, кој што е тука во непосредна близина на Марковите Кули и во близина на античкиот град Колобаиса, односно денешно Горно Село, каде е нивната најголема концентрација, што ни докажува дека во тој период овие градови живееле и имаме доста висок политички и економски статус“, додаде Крстески.

Целиот овој дел каде се откриени гробниците претставува една голема некропола. Но за жал во ова заштитено подрачје на Маркови Кули без контрола се градат како дивоградби цели населби, а можеби токму под нив се кријат и позначајни нешта од овие гробници. Дали овие гробници понатаму ќе станат туристичка атракција или дупки за отпад државата е на потег.