Македонија
1. July 2025 - 16:34

Отворање две нови ленти за излез на граничниот премин „Богородица”

Вака точно на пладне денеска изгладеше сликата на граничниот премин Богордициа. И на плус 40 степени километарски колони за влез во Грција. Чекањето со часови на границата со јужниот сосед стана речиси неизбежно во летната сезона, кога илјадници граѓани тргнуваат кон грчките плажи.

За да се намалат долгите колони, МВР најави отворање на две дополнителни ленти за излез од Македонија, како и една за влез на товарни возила. Новите мерки треба да профункционираат токму во најголемиот летен метеж, а како подолгорочно решение се разгледува можноста товарниот сообраќај целосно да се одвои од патничкиот.

Освен мерките на Богородица, се работи и на пошироко олеснување на граничните премини преку воведување на таканаречениот „One Stop Shop“ систем. Веќе е пуштен во функција на двата премини со Косово, Блаце и Јажинце, каде што патниците поминуваат со една заедничка контрола, наместо две одделни. До крајот на неделава ваков модел се очекува да профункционира и со Србија. Во тек се и интензивни преговори со Албанија, за воспоставување на истиот систем на двата заеднички гранични премини.