Пад на цените на нафтата по објавувањето на мировниот договор меѓу САД и Иран

Цените на нафтата денеска забележаа пад на азиските берзи откако беше објавено дека САД и Иран постигнале договор за прекин на воените дејства.
Цената на нафтата од типот „Брент“ се намали за 3,8 проценти на азиските берзи, на 84,02 долари за барел, додека американската лесна сирова нафта поевтини за 4,1 процент, на 81,40 долари за барел.
За договорот за прекин на огнот првично соопшти Пакистан, кој посредуваше во напорите за ставање крај на конфликтот, а подоцна тоа го потврди и американскиот претседател Доналд Трамп.
Трамп изјави дека договорот предвидува и отворање на Ормуската Теснина, една од најважните светски поморски рути за транспорт на нафта. „Нека потече нафтата!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа.
Ормуската Теснина беше практично затворена за пловидба веднаш по почетокот на воздушните напади на САД и Израел врз Иран на 28 февруари.
Пред избувнувањето на конфликтот, нафтата „Брент“ се тргуваше по цена од околу 70 долари за барел, но во текот на борбите достигна и до околу 120 долари за барел.
МИА
Ново на Сител
-

Експерти: Mакедонија доби класични бирократски пораки со умерена реторика од Брисел
-

Тема на денот со Петар Арсовски, политички аналитичар
-

РKE размислува за повеќе евтина струја преку ден и за викенд, нов модел подготвува и за гасот
-

Секој жител во земјава годишно фрла по 86 килограми храна
-

Преглед на вестите од светот
-

Фон дер Лајен во Скопје со совет за деблокада на процесот со Бугарија
-

СДСМ смета дека се потврдиле стравувањата
-

Судот му одреди 30 дневен притвор на Дејан Јованов за новата истрага за поткуп
