Песков: Нема потврда дека следната недела ќе се одржи нова рунда преговори за Украина

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков изјави дека Кремљ не ги потврдил медиумските наводи дека новата рунда преговори за Украина во трилатерален формат Русија – САД – Украина може да се одржи идната недела во Женева.
„Не, засега не можам да потврдам. Кога точно ќе се постигне разбирање, ќе ве информираме, како што вообичаено правиме во последно време“, изјави Песков за новинарите.
Тој додаде дека Москва нема „претерани очекувања“ од процесот на преговори оценувајќи го како сложен и за кој е потребно време.
Тој исто така ја коментира одлуката на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, да го продолжи режимот на санкции против Русија за уште една година наведувајќи дека Москва нема големи очекувања во врска со динамиката на преговорите.
Песков рече дека едногодишното продолжување на санкциите на САД против Русија е „автоматска одлука“.
Според претходните извештаи, претставници на Русија, Украина и САД се сретнаа на 17 и 18 февруари во Женева, а руската делегација ја предводеше помошникот на рускиот претседател, Владимир Медински, кој ги оцени разговорите како „тешки, но деловни“ и најави нова средба набргу.
МИА
Ново на Сител
-

Мнозинството бара надзорна расправа за Алта да се одржи утре
-

Возачите научија каде се камерите на Сејф сити и возат побавно, МВР најави нов начин на санкционирање на „непослушните“
-

МЗ - Нема да има присилни мерки за вакцинација со МРП-вакцината
-

Брисел денеска ќе го оцени напредокот на Македонија на патот кон Европската Унија
-

Филипче го повика гувернерот Славески да си поднесе оставка
-

Со Национална стратегија за безбедност во сообраќајот до помалку жртви
-

Индустријата губи работници, причините се различни
-

Преглед на вестите од светот
