Песков: Пауза во преговорите со Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека паузата во преговорите меѓу Русија и Украина се должи на „неподготвеноста“ на Киев да се стреми кон политичко и дипломатско решение, како и на провокациите од европските земји.
Тој, исто така, рече дека не е можно да се предвиди кога би можел да се одржи самитот Русија-САД.
-Тешко е да се обидеме да предвидиме нешто овде и сите прогнози најверојатно ќе бидат неосновани, рече Песков.
Тој додаде дека Путин денеска ќе одржи состанок во Кремљ за да разговара за понатамошниот развој на руските вооружени сили.
-Ветивме дека ќе ја дефинираме темата на состанокот, темата на еден од состаноците што ќе ги одржи претседателот. Ова ќе биде состанок за неколку прашања поврзани со понатамошниот развој на вооружените сили на Руската Федерација, изјави Песков пред новинарите.
МИА
Ново на Сител
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
-

Преглед на вестите од светот
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
-

Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
