Петмина загинати, десет лица се водат како исчезнати по ураганот и тропската бура во Мексико

Најмалку пет лица загинале, а десет се водат како исчезнати во Мексико, во невремето што го зафати регионот предизвикано од ураганот „Сајмон“ и тропската бура „Рејчел“.
Постар маж загинал во тихоокеанската крајбрежна држава Гереро, соопшти гувернерката Евелин Салгадо.
Во северозападната држава Долна Калифорнија загинале две деца и двајца возрасни членови на исто семејство, а уште десет лица се водат како исчезнати, изјави гувернерката Марина дел Пилар.
Инцидентите се поврзуваат со ураганот „Сајмон“ што го зафати тихоокеанскиот брег на Мексико, и тропската бура „Рејчел“ што стигна до Долна Калифорнија.
Ураганаот „Сајмон“ вчера беше од втора категорија, активен во регионот југозападно од тихоокеанскиот брег на државата Халиско.
Мексиканската Национална метеоролошка служба прогнозираше дека ќе продолжи да се движи кон северозапад и постепено ќе слабее.
Се очекуваше како ураган од прва категорија во текот на ноќта да се приближи до крајбрежниот град Масатлан, во државата Синалоа.
Властите продолжуваат да предупредуваат на обилни врнежи, силни ветрови и високи бранови долж тихоокеанскиот брег.
Тропската бура „Рејчел“ викендот го зафати копното на Долна Калифорнија.
Врнежите предизвикале материјална штета, поплави и прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе населени места на полуостровот, јавија локалните медиуми.
МИА
Ново на Сител
-

Австрија, Чешка и Словачка: Билатералните спорови да не ја блокираат интеграцијата
-

СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка
-

ВМРО-ДПНЕ: Зошто маршираше Филипче во Прилеп?
-

Дали Безбеден град ќе го промени однесувањето на возачите и пешаците
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Благоја Ралповски, претседател на КСС
-

Михаилова избега во Бугарија, каде и како ја минала границата?
-

Судот во Кочани не е известен за бегството на Михаилова
