-->
-->
Пијан 19-годишник нападнал полицаец во Гостивар, приведени уште две лица
-->

На 08.11.2026 во 00:25 часот, пред угостителски објект на ул. „Браќа Ѓиноски“ во Гостивар, полициски службеници од ПС Гостивар го лишиле од слобода Х.С.(19) од с. Добридол.
По интервенција за нарушен јавен ред и мир, лицето физички нападнало полициски службеник при вршење на службени дејствија. При алкотестирањето кај Х.С. биле измерени 1,52 промили алкохол во крвта, по што е задржан во полициска станица.
Во врска со истиот настан, во 02:10 часот од слобода биле лишени и А.З.(25) и Џ.Ј.(23), двајцата од Гостивар.
Тие биле задржани во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ДУИ обвинува за јазична дискриминација, ИЈЗ тврди дека нема неправилности
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
-

Мицкоски: Алта банка ќе биде спасена, следниот месец оди на аукција за продажба
-

Исплатата од „Алта банка“ започна и во Струмица, но со неколкучасовно доцнење
-

Цените на горивата паѓаат, животните трошоци растат
-

Нема неправилности во работата на ЦСР Гевгелија за убиството на 17-годишната Билјана
-

Судењето за Ива Михаилова продолжи во нејзино отсуство
-

УГД ги суспендираше двајцата осомничени вработени
