-->
-->
Писториус: Трамп погрешно го проценил своето влијание врз Путин
-->
Претседателот на САД, Доналд Трамп, погрешно го проценил своето влијание врз рускиот претседател Владимир Путин, изјави германскиот министер за одбрана Борис Писториус.
-Претпоставувам дека тој погрешно ја проценил својата преговарачка позиција, изјави Писториус за германското радио ДЛФ, коментирајќи ја иницијативата на Трамп да го убеди Путин да прифати безусловно 30-дневно примирје во Украина.
Европската унија во меѓувреме работи на следниот пакет санкции против Русија поради војната во Украина. Писториус наведе дека останува да се види дали САД ќе се приклучат на тие мерки, со оглед на тоа што разговорите со Вашингтон продолжуваат по вообичаените дипломатски канали.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Владините возила добија црвени таблички
-
„Синот“ на струмичкиот театар го отвори 33. фестивал „Ристо Шишков“
-
Преглед на вестите од светот
-
Голема НАТО вежба во Бугарија
-
Тема на денот со Туше Гошев, пратеник во првиот парламентарен состав
-
Одбележан 8 ми Септември - Ден на независноста на Македонија
-
Партиите со честитки за Денот на независноста
-
Владата не верува дека линиите на Филипче може да бидат црвени