ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
Во двата завршни натпревари од 6. коло во ПМФЛ, Вардар попладнево го совлада Арсими на гостински терен со 4-1 и се израмни бодовно на врвот на табелата со Струга, додека Работнички со првата победа оваа сезона триумфираше на домашен терен над Пелистер со 3-0.
Вардар ја обезбеди петтата прволигашка победа со головите на Мато (10, 35, 47) и Матиќ (29), додека почесниот гол за Арсими го постигна Рамадани (72)
По стартното реми и серијата од три порази, Работнички дојде до премиерниот триумф со головите Кадриу (31, 75) и Трајков (43). ег
ПМФЛ: 6 коло
Арсими – Вардар 1-4
Работнички – Пелистер 3-0
Струга – Шкендија 1-1 (среда)
Тиквеш – Шкупи 1-0 (среда)
Башкими – Силекс 2-1 (вторник)
Македонија ЃП – АП Брера 2-0 (вторник)
Табела: Струга 16, Вардар 16, Силекс 15, Шкендија 11 (-1), Башкими 10, Македонија ЃП 6, Пелистер 6, Арсими 5, Тиквеш 5, АП Брера 5, Работнички 4, Шкупи 0.
МИА
Ново на Сител
-
Сашко Јанчев од Левица удрил во двајца малолетници на мопед и е приведен во полиција
-
Хаос во образовниот процес во Кочани
-
Билјана Драгичевиќ Пројковска добитничка на наградата „Ристо Шишков“
-
Вонреден состанок на управувачкиот комитет за кризи поради пожарот во Трубарево
-
Тема на денот со доктор Злате Мехмедовиќ
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи