По 33 години привршува изградбата на новото крило на Струмичката болница
После 33 години од почетокот на изградбата, новото крило на струмичката болница ќе биде ставено во функција. Според најавите објектот со работа ќе започне до крајот на летото со што граѓаните од Југоистокот на државата ќе добијат современ објект и поквалитетни здравствени услуги. За текот на финалните активности денеска директно од терен се информираа премиерот Оливер Спасовски и министерот за здравство Венко Филипче.
Новиот објект има површина од 6500 метри квадратни и во него е планирано да бидат сместени повеќе специјалистички амбиланти и11 операциони сали.
Финализацијата на новиот болнички објект ќе овозможи струмичката општа болница да прерасне во регионален центар кој ќе опслужува околу 250.000 граѓани од југоисточниот регион на државата.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
