По инцидентот во Подгорица, Црна Гора итно го укинува безвизниот режим со Турција

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, синоќа објави дека денеска ќе донесе одлука за привремено укинување на безвизниот режим за турските граѓани по итна постапка.
„За да се зачува економската активност и добрите билатерални односи, во наредниот период ќе иницираме интензивни разговори со Република Турција со цел да се најде најдобриот модел во заеднички интерес во духот на добрата соработка и сојузништвото“, напиша Спајиќ на „X“.
Синоќа беше воведена вонредна состојба во подгоричката населба Забјело, каде што полицијата спроведе рации откако синоќа во таа населба беше претепан и избоден жител на Подгорица, М. Ј., додека од друга страна, бројни жители на таа населба, револтирани од синоќешниот чин на насилство, се собраа и во неколку наврати извикуваа навредливи пароли против Турците.
На местото на настанот беа голем број полицајци и инспектори, а беа контролирани неколку локации во тој дел од градот.
Репортер на Телевизија Вијести објави дека тројца турски државјани дури се забарикадирале во казино откако, според очевидци, група мештани се обиделе физички да се соочат со нив.
По изнесувањето од казиното, полицијата привела двајца турски државјани, а според неофицијални информации од Телевизија Вијести, еден од нив е осомничен дека е вмешан во синоќешниот напад.
После тоа, групата граѓани почнала да се растерува.
Претходно, Вијести објави дека полицијата во Подгорица трага по тројца напаѓачи кои, доцна синоќа, во населбата Забјело во Подгорица, тешко го повредиле и избоделе жителот на Подгорица М. Ј.
МИА
Ново на Сител
-

Во Скопје не се дише, на Детска клиника по пет регистрирани случаи на грип неделно
-

Модуларната болница во Штип, подготвена за прием на пациенти од „Мој термин“
-

Синдикална кошница: декември поскап од ноември, најмногу пари одат за храна
-

Гостите од соседството најбројни
-

Експертска оценка на економијата 2025 - пораст на вработеноста и континуиран раст на просечната плата
-

Преглед на вестите од светот
-

EСМ бара прогласување на кризна состојба на пазарот со струја
-

Прилеп традиционално го одбележа својот патрон празник Свети Никола
