По револтот од граѓаните и лекарите, надлежните се фатија за ѓубрето во Клинички
Клинички конечно заличи на здравствена установа. По вчерашните срамни слики со полни корпи, ѓубре расфрлано на сите страни и мали депонии на секој чекор денеска најголемиот медицински комплекс во Македонија беше исчитен.
Во акцијата за чистење учествуваа сите јавни претпријатија од Градот и неколку скопски општини. Од Комунална хигиена информираа дека од Клиничкиот центар биле изнесени 25 метри кубни смет. Од оваа претпријатие велат дека во акцијата се вклучиле доброволно и немале никаков договор за редовно да го чистат овој простор. Клинички досега им должи 34 милиони денари.
Инаку подолго време никој не го одржува комплексот. Неколку години за тоа беше задолжена фирма. Пред околу 4 месеци министерството за здравство го поништи тендерот бидејќи неофицијално клиниките требало да плаќаат речиси двојно повеќе пари. Здравство потоа ингеренциите за одржување на хигиената им ги врати на ЈУ за потребите на скопските клиники од каде пак велат дека немаат луѓе кои би го чистеле просторот, а финансии не дозволувало нови вработувања. За да распишат нов тендер за избор на фирма чекаат согласност од сите директори.
– Иако здравствените власти најавија дека Клинички ќе се чисти секој викенд сепат ова е краткорочно решение бидејќи дневно низ Комплексот Мајка тереза минуваат над 5000 пациенти и нивни роднини и повеќе од 2000 вработени. Очигледно корпите за отпадоци за кратко време би биле полни.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
