Побаран притвор за охриѓанецот кој ја претепа својата девојка - се товари за три кривични дела

Основното јавно обвинителство Охрид поднесе обвинение против 31-годишниот охриѓанец осомничен за напад врз неговата девојка, товарејќи го за три кривични дела - телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.
Од Обвинителството информираа дека обвинетиот, при вршење семејно насилство, противправно ја затворил оштетената, физички ја нападнал, ѝ нанел телесни повреди и ја загрозил нејзината сигурност.
- Основното јавно обвинителство Охрид итно ги презеде сите дејствија и до Основниот суд во Охрид поднесе обвинение против едно лице за три кривични дела - Телесна повреда, Противправно лишување од слобода и Загрозување на сигурноста. При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена - стои во соопштението од Обвинителството.
Оттаму дополнуваат дека во текот на денот јавниот обвинител презел повеќе истражни дејствија за целосно расчистување на случајот.
- Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди - посочуваат од Обвинителството.
Заедно со обвинението, Основното јавно обвинителство до Основниот суд во Охрид доставило и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот.
- Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката - стои во соопштението.
Министерството за внатрешни работи претходно соопшти дека СВР Охрид поднело кривична пријава против К.К. (31) од Охрид поради сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“.
Според МВР, на 15 ноември околу 2 часот, по расправија што започнала во неговиот дом и продолжила во автомобил, осомничениот физички ја нападнал својата 26-годишна девојка од Охридско. Откога го сопрел возилото, продолжил со нападот, при што девојката изгубила свест и паднала по што била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Осомничениот бил лишен од слобода истиот ден во 5:05 часот и задржан во полициска станица.
Ново на Сител
-

Мерки на претпазливост за охриѓанецот кој ја претепал Сара до бесвест – мајката тврди дека мислел оти е мртва и сакал да се ослободи од телото
-

Остри партиски реакции по насилството во Охрид
-

Хаџи Василева го презеде Обвинителството, најавува промени и отпор на притисоците
-

Алта банка оди на продажба
-

Филипче: Во буџетот нема пари за повисоки плати, државата должи 713 милиони евра, а милијарди троши за камати
-

Во Собранието денеска продолжи комисиската расправа за Буџетот за 2027 година
-

Мицкоски од Брисел: Сакаме предвидлив пат кон Брисел
-

Гаши најавува опозициски прашања без паузи
