Македонија
11. September 2018 - 16:30
Почетокот на учебната година донесе и ширење на вирусите
Стартот на учебната година почна да ги полни амбулантите со болни деца. Според лекарите мешањето на децата ги рашири вирусите. Само во Детската болница Козле дневно имаат по 50-тина пациенти, најчесто со респираторни инфекции. Од институтот за белодробни заболувања очекуваат бројот да се зголемува.
-Со самото мешање на дечињата и вирусите повеќе се шират. Очекуваме во следната сезона која ни претстои зголемен број на пациенти во нашата болница, изјави д-р Анѓелчо Андоновски, директор на Детската болница Козле.
Од детската болница во Козле со совет до родителите да бидат подготвени, бидејќи допрва доаѓа сезоната на вируси и бактерии, а последните години и поради аерозагадувањето до последно место се полни оваа педијатриска установа.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
