-->
-->
Почина пејачот Џони Неш
-->
Американскиот пејач текстописец Џони Неш, познат по безвременскиот реге хит I Can See Clearly Now (Сега можам да видам јасно) почина на 80-годишна возраст, неговиот син Џон Неш Трети потврди за порталот „ТМЗ“.
„Тој беше прекрасен татко и семеен човек. Ги сакаше луѓето и светот. Ќе недостасува многу. Семејството за него беше сè”, изјави тој за „ТМЗ“.
Хитот I Can See Clearly Now беше издаден во 1972 година и се задржа на врвот на Билборд Хот 100 листата на најпопуларни синглови во САД четири недели.
Нема официјални информации за причината за смртта на Џони. „ТМЗ“ објави дека починал од природна смрт во својот дом во вторникот, 6 октомври.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Продолжува надзорната расправа за Алта банка
-

Премиерот Мицкоски денеска на самит ЕУ-Западен Балкан во Брисел
-

Прва јавна расправа за новиот кривичен законик
-

Потпишана скопска декларација за поголемо учество на жените во енергетската дипломатија
-

Документарниот филм „Водениот рај на Европа“ отвара прашања колку знаеме за нашето богатство
-

Со доживотно учење до поголема конкурентност
-

Преглед на вестите од светот
-

Утре продолжува Надзорната комисија за Алта Банка
