Подобрена ситуацијата со пожарот во источниот дел на областа Атика, поширокиот дел на Атина
Без активно жариште е пожарот во областа Кератеа, источниот дел на Атика, поширокиот дел на Атина, по битката на пожарникарите во текот на целата ноќ, а огнената стихија зад себе остави еден загинат, изгорени куќи и голема материјална штета, јави дописничката на МИА од Атина.
Утрово ситуацијата е значително подобрена, но пожарникарите остануваат на терен за справување со евентуални разгорувања.
Пожарот избувна вчера околу 14 часот и поради силниот ветер што достигна и до 90 километри на час брзо се прошири на голема површина, а беа евакуирани жителите на низа населени места што се во близина, како и еден дом за стари лица.
При интервенција во куќата во близина на местото од каде што започна пожарот, пожарникарите пронашле безживотното тело на постаро лице.
За пожарот се ангажирани 260 пожарникари со десет пешадиски тима, 77 возила и голем број волонтери, а од воздух се гасне со 13 авиони и 15 хеликоптери, од кои два се координација.
Огнената стихија остави зад себе изгорени куќи, а според портпаролот на противпожарната служба, предизвиканата штетата ќе процени откако ќе се изгасне пожарот.
Активен пожар синоќа имаше и во источниот дел на Пелопонез, во близина на античка Олимпија, што утрово е без активно жариште.
Поради силниот ветер, високите температури и долгата суша, за денеска во областа Атика, на Евија и во дел од Пелопонез е екстремна опасноста за пожари.
МИА
Ново на Сител
-
Статус Кво ситуацијата со скапо купените акцелератори за зрачна терапија, по една деценија се уште не се во функција
-
Ристески: Сушата ќе го намали родот на тутунот за над 30%, ќе има само околу 18 милиони килограми
-
Преглед на вестите од светот
-
Средна оценка 3.69 од државната матура во јунскиот испитен рок
-
Несовесните гости во македонскиот туристички бисер зад себе оставаат купишта ѓубре
-
Голем број прилепчани со замастен црн дроб поради нездрава храна и прекумерен алкохол
-
Преглед на вестите од светот
-
Полициска акција во Арачиново - Приведено едно лице за изнуда од 165 000 евра